Планот на САД е до јули да имаат дадено барем една доза на 70% од возрасните, меѓутоа на глобално ниво, денешната статистка е дека само 8% од населението добило барем една доза.
„Последниве месеци гледаме хипер-забрзана еволуција на вирусот. Вирусот беше стабилен 10 месеци, и потоа ја започна оваа забрзана еволуција. Сега вистинското прашање е дали има начин како тој да се влоши уште повеќе,“ објаснува американскиот кардиолог и научник, Ерик Топол.
Вирусите еволуираат за подобро да се шират и подобро да го избегнуваат човековиот одбранбен систем. Тоа што не е јасно околу ковид-19 е дали тој ќе се рашири во бројни варијанти кои коегзистираат, или пак варијантите ќе се поништуваат меѓу себе.
Моментално ЦДЦ е загрижена околу 5 варијанти. Две од нив се американски: њујоршката и калифорниската, кај кои среќна околност е што се на пат за исчезнување. Трите кои се проблематични се: британската, бразилската и јужноафриканската варијанта „кои имаат развиено бројни мутации, над дузина, речиси инстантно.“
Трите проблематични имаат и различно ниво на зголемена заразност, посебно британскиот, а бразилскиот и јужноафриканскиот е поверојатно да му ескивираат на имунитетниот систем или на вакцините.
ЦДЦ посебно се интересира за неодамна идентификуваната индиска варијанта, која најверојатно е поврзана со кошмарните статистики што Индија ги има денес.
Според Топол една од најголемите предности на САД е што почнале масовно да вакцинираат пред ширењето на британскиот сој, инаку земјата ќе била во многу подлабоки проблеми.
„Една работа која може да се случи, а се уште се нема случено е да имаме супер-ширечка варијанта како британската со многу успешно избегнување на имунитетот. Дали ќе го видиме тоа? Не знам. Се надевам дека никогаш нема да видиме такво чудовиште,“ порачува Топол.
Експертот за заразни болести Џош Шифер, објаснува дека „главни фабрики за создавање нови варијанти се областите кои се најтешко погодени. Ако има нова варијанта која е застрашувачка, и може да ја уништи 2022 и пак да нè врати назад, таа речиси сигурно сега тлее во дел од светот кој е најтешко погоден.“