Лоботомија за здрав живот

Оштетувањето на една сива точка во мозокот може засекогаш да ја избрише потребата за пушење цигари. До ова откритие дошле група американски доктори, откако еден пациент кој преживеал мозочен удар, тврдел дека после ударот, едноставно, заборавил на цигарите.

Пациентот, чиј псевдоним е Нејтан, имал 38 години и пушел од својата 14 година, уживал во тоа и немал никаква намера да престане. После ударот, ниту еднаш не побарал цигара, но не поради тоа што се исплашил за своето здравје, туку од, за него необјаснети причини.

Откако на др. Антоан Бекара од Универзитетот во Јужна Каролина му бил соопштен случајот тој ги испитал мозоците на 69 пациенти кои биле страсни пушачи пред да доживеат мозочен удар. Кај 19 од нив, вклучувајќи го Нејтан, бил уништен делот во мозокот наречен инсула.

13 од нив, без каква било причина престанале да пушат веднаш после ударот. Од останатите 50 пациенти со повреда на други делови од мозокот, 19 се откажале од пушење, но само 4 од нив се соочиле со т.н. нарушен критериум за зависност.  

Докторите објаснуваат дека овој случај јасно покажува дека инсулата е клучната точка во структурата на мозокот за потиснување на потребата да се зема дрога, односно дека е “столбот на зависноста”.  Таа е местото каде што мозокот ги претвора физичките реакции во чувства, како што е чувството на вознемиреност кога срцето ќе почне забрзано да чука, меѓутоа, кога овие реакции се предизвикани од одредена супстанца, таа делува како центар кој управува со желбите.  

11 мај 2021 - 07:45