
Банката е УБС и се работи за еднократен бонус наменет за нивните најмлади вработени, кој ќе го добијат во моментот кога ќе бидат унапредени од аналитичари во соработници. Згора на ова е редовното покачување на платата што оди со позицијата.
Сумата е околу 30% од годишната основна плата на тазе унапредените соработници во швајцарската банка.
Иако УБС за сега води по големината на бонусот и другите банки почнаа да им пуштаат повеќе пари на вработените од најниските нивоа чисто за да се спречи бегање и незадоволство меѓу нив, откако се повеќе почна да се обраќа внимание на задоволството на овој сталеж на банкарски вработени бидејќи се повеќе компании почнаа да регрутираат луѓе што се разбираат во финансии.
Пример Кредит свис и Велс Фарго нудат бонуси од по 20.000 долари, а ХСБЦ освен што нуди покачување, тие го скратија и патот до унапредување на своите вработени.
Паралелно со овие 40.000 долари што им ги дава на своите вработени, УБС започна со глобално намалување на бројот на вработени, со цел намалување на трошоците.