Тим од угледни научници го засилија своето уверување во контроверзната хипотеза дека генетски материјал од пандемискиот коронавирус може да се интегрира во нашите хромозоми и со нас да остане долго откако инфекцијата ќе заврши.
Ако се во право - а скептиците велат дека тоа се само лабораториски импровизации - тврдењето може да ги објасни оние ретки случаи кога луѓе опоравени од ковид-19, остануваат позитивни и месеци подоцна.
Истражувачите нагласуваат дека виралната интеграција не значи дека излечените од ковид остануваат заразни, но критичарите стравуваат дека вакви тези одат во прилог на непотврдените стравови дека вакцините со гласник РНК (mRNA) можат некако да го менуваат човековиот ДНК.
Рудолф Јаенич и Ричард Јанг од МИТ порачуваат дека остануваат посветени на дополнително истражување на можноста ензим од човечките клетки, во некои прилики да ги копира виралните секвенци на SARS-CoV-2 (кој има гени составени од РНК )и да ги префрли на хромозомите.
Како особено интересна опција им се гледа можноста со интеграција на генетскиот материјал на вирусот во човековите клетки, да добиеме трајна заштита од него.