Дозволата се однесува конкретно на брашнарските црви, кои се ларва на брашнарскиот бумбар и до сега, барем во Европа, главно се користеа за хранење игуани и домашни миленици од сличен калибар.
На ова претходеше објавување на научно мислење од европската Агенција за безбедност на храната, во која се наведува дека црвите се безбедни за јадење, дека се богати со протеини и можат да се консумираат цели или прашок.
При објавувањето на одлуката, Европската комисија сака да знаете:
„Користењето на инсекти како алтернативен извор на протеин не е ништо ново и инсектите редовно се консумираат во голем дел од светот.“
Инсектите можат да бидат искористени за правење плескавици, протеински шејкови и колачи, а дозволата важи само за сушени брашнарски црви и ќе мора јасно да бидат наведени доколку се содржани во некој прехранбен производ.
Моментално европската агенција за безбедност на храна разгледува уште 11 барања за дозвола за воведување на инсекти во редовната исхрана.