Јужна Каролина нема извршено смртна казна уште од 2010 година. И таа и претходните биле изведени со смртоносна инекција, како што е пропишано со нивниот закон. Меѓутоа, на последната добиена пратка такви инјекции рокот на траење им завршил во 2013 година а во меѓувреме, фармацевтските компании почнаа да одбиваат да продаваат супстанци кои служат за усмртување луѓе.
Осудените на смртна казна преку нивните адвокати го користеа ваквиот расчекор меѓу легислативата и магацинскиот дефицит за колку-толку да си го продолжат животот, но таа опција сега им е скината со новиот закон по кој во случај да не постојат потребните материјали за инекција, тие ќе мораат да бираат меѓу електрична столица или стрелачки вод.
Новиот гувернерот на Јужна Каролина, Хенри МекМастер, на маса го чекале 50 закони за потпишување. Овој го потпишал прв.
Затворските власти веќе почнале официјално да се интересираат како функционираат стрелачките водови во Мисисипи, Оклахома и Јута а тројца каролински затвореници осудени на смртна казна кои веќе ги исцрпиле апелациските опции бирајќи инекција наместо столица, се печени да го направат својот животен избор.