Ковид во пенисот близу вас

Докторите од Универзитетот излегоа со загрижувачка вест: на удар не се само, белите дробови, бубрезите и слични органи, секундарни за самодовербата на машкиот организам. Болно ни е и да ја замислиме локацијата на новиот PCR тест.

Вирусот CoV-SARS-2 може да влезе во ткивото на пенисот на заразеното лице и да предизвика трајна еректилна дисфункција, покажува прелиминарно истражување спроведено во склоп на програмата за репродуктивна урологија на медицинскиот факултет во Универзитетот во Мајами.

Фокус на истражувањето биле промените на ткивото на пенисот на оние кои заболеле од ковид а истражувањето е објавено во World Journal of Men’s Health.

И порано се знаеше дека новиот коронавирус може да ги оштети крвните садови и со тоа да доведе до оштетување на ткивата кои тие садови ги прехрануваат, а таа изгледа особено важи за сунѓерестото ткиво на пенисот (не пишуваме машкиот пенис, да не ни рипнат разбудените).

„Во нашата пилот студија откривме дека мажи кои порано не се жалеле на еректилна дисфункција, имаат развиено сериозни облици на ова пореметување откако ќе се инфицираат со коронавирус,“ вели авторот на истражувањето, професорот Рамињ Рамасами.

Студијата е мала, неопходни се дополнителни истражувања, ама тек да се знае.

 

15 мај 2021 - 11:08