Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Српскиот патријарх честиташе со Џони

Порфириј му го честиташе на новиот загрепски градоначалник Томислав Томашевиќ изборот на таа должност цитирајќи стихови од Бранимир Џони Штулиќ и Индекси. Амин.

Кина бе, аман

41-годишен маж од источна Кина е хоспитализиран на 28 април, а еден месец подоцна на 28 мај е дијагностициран со првиот случај на птичјиот грип Х10Н3 кај човек.

Трамп очекува да биде прогласен за претседател на САД

Поранешниот американски претседател наводно верува и збори по луѓе, дека во следните два месеца ќе биде повторно вратен на претседателската позиција во Соединетите држави.

7 од 10 Руси ги удира носталгија по погрешни работи

70% проценти од Русите дале поддршка на планот на руската влада да врати во служба апдејтирана верзија на работничките логори од времето на Сталин, исто така познати и како – гулаг.

Дури и Саудиска Арабија побара стишување на звучниците на џамиите

Министерот за исламски работи на најголемата муслиманска држава во светот, даде наредба за стишување заради бројните поплаки на граѓаните (сите до еден муслиман) за прегласните звучници на џамиите.

Дронови почнаа на своја рака да ловат луѓе

Во засега прв таков случај, вооружен воен дрон сам се пуштил во потера по човечка мета без да добие наредба за тоа, се наведува во извештај на О.Н.

Данска е зрела за извештај од Прибе

Тајната служба на Данска им помагала на своите колеги од озлогласната американска агенција НСА да шпионираат европски политичари, меѓу кои и Ангела Меркел, покажува истражување на неколку европски медиумски куќи.

Северен тек 2 го почестил и Бајден

Американскиот претседател не само што го прегази ветувањето дека нема да зема пари од лобисти, туку лобистите работеле за Русија конкретно во делот за Северен тек 2.

Што знае дете што е рудник за јаглен

Со оправдание на ниво „абе запнаа децата да работат во рудник, не се разбираат од збор“ севернокорејските власти тврдат дека сираците низ земјата сами волонтираат да работат во државните рудници и фарми.

Вдовицата што наследи империја од 90 милијарди долари

На 17 години Вики Сарфати влегува во брак со маж кој ќе стане најбогатиот банкар на светот. Пет децении подоцна, таа и нејзините деца се чувари богатството на Сафра градено повеќе од 180 години од три генерации на четири континенти.

Кина дозволи по три деца

На состанок на Политбирото со кој претседавал кинескиот претседател, Ши Џинпинг, е одлучено дека на секој брачен пар во земјата ќе му биде дозволено да има до три деца.

Проверувачите на факти уште еднаш си добија плескање

Кога Трамп викаше дека вирусот е избеган од Вухан, тоа беше одвратна теорија на заговор. Сега, кога доктор Фаучи признава дека не е убеден дека вирусот природно се развивал, туц-муц.

Не можеш да им угодиш, па тоа ти е

Шпанската пошта објавила серија поштенски марки со кои сакала да ја промовира расната еднаквост, инклузија, минклузија. Наместо очекуваните ПР бенефити, си закачија скандал на врат.

Трева гледа, биткоин вади

Британската полиција уапсила нелегални копачи на биткоин во акцијата првично почната како рација на фарма на марихуана.

Прецизноста повлеквит

Експеримент на стручњаци за термодинамика ги потврдил главните принципи на оваа наука и во областа на времето односно механизмите кои го мерат: колку попрецизен часовник, толку повеќе енергија троши. Затоа ние користиме неодредени термини како „прееска“, за да шпараме.  

Ако не па Трамп да го вратиме?

Доналд Трамп им беше архи-непријател ама леб вадеа од него. Кабелската мрежа која бележеше рекордна гледаност во ерата на Трамп и непосредно после изборите, сега, без него на нишан, има изгубено половина публика и не може да добаци ни до милион гледачи. 

Бајден ќе побара буџет од 6.000 милијарди долари

Планот на Бајден е инвестирање во инфраструктура, образование и здравство, и со вакво трошење ова би било најголемо државно инвестирање во САД од Втората светска војна.

1984 на Орвел ќе се случи во 2024?

Живот каков што Орвел опишува во 1984 не чека во 2024 доколку владите не ја заштитат јавноста од вештачката интелигенција, е предупредувањето што доаѓа од претседателот на Микрософт, Бред Смит.

Руските владини агенции мета на хакерски напади „без преседан“

Алармот го вклучи ФСБ, според кои странски хакери упаднале во руски федерални агенции во организирана кампања за дигитално шпионирање, која е „без преседан“ по својата софистицираност и обем.

Лос Анџелес плаќа по 2.600 долари по шатор на бездомник, месечно

Како што градските власти на Лос Анџелес не можат да се справат со повеќегодишната криза со бездомниците, така прибегнуваат кон се понепопуларни и радикални мерки, пример, државен камп за шатори.

Долга е маката на ковидот

Заради вакцинација и прележување, втората половина на оваа година веројатно ќе биде поинаква од минатата (додуша, ние ќе можевме да ја дочекаме со уште некоја илјада живи сограѓани ако навреме се набавија вакцини), но студии покажуваат дека на оние кои ја прележале, оваа болештина не им дава лесно да ја заборават.

Кога полициски алгоритам ќе ти стави мета на грб

Американската полиција си играла Мајнорити репорт па му донела реални проблеми на реален човек. Нивниот компјутер посочил дека тој ќе биде вмешан во некој вооружен злостор па почнуваат да го следат секаде, што на маалските битанги им отвора сомнеж дека тој соработува со полицијата. Штета што Рашковски немаше време да ували и ваков софтвер.

Научници тврдат дека го решија згрутчувањето на крвта кај ковид вакцините

Проблемот кој главно се врзува со Астразенека и Џонсон и Џонсон вакцините потекнува од аденовирус векторите кои двете вакцини ги користат за испорачување на генетските инструкции за справување со ковид-19.

Швајцарија се откажа од преговарање со ЕУ

За Швајцарија излезе полесно да продолжи без сеопфатен договор што ќе ги регулира односите со ЕУ отколку да се согласи на барањата за слобода на движење од Брисел, и се повлече од 7-годишните трговски преговори со Унијата.