Српскиот патријарх честиташе со Џони

Порфириј му го честиташе на новиот загрепски градоначалник Томислав Томашевиќ изборот на таа должност цитирајќи стихови од Бранимир Џони Штулиќ и Индекси. Амин.

„Ја користам оваа прилика да ви упатам најсрдечни честитки по повод изборот на должноста градоначалник на Загреб, со искрена молитвена желба вашиот мандат да бид исполнет со просперитет и благо состојба на сите загрепчани, без исклучок, напишал српскиот патријарх Порфириј во честитката.

Големиот загрепски поет Браниним Џони Штулиќ пееше „Kada Zagreb izranja iz sna“, што ме поттикна да изразам надеж, која впрочем е надеж на сите жители на овој убав град, дека пред нас е ново утро кое ќе промени сè“, пренесува Политика.

Согласно ваквата шизичка порака загрепскиот градоначалник, за да не се чувствува запоставен скопскиот, ние во оваа прилика би го поздравиле со стихови кои тој би ги разбрал а доаѓаат од неговиот музички авторитет Дино Мерлин:

„Све је лаж, само пуста лаж“.

 

2 јуни 2021 - 12:41