Информацијата ја објавува новинарката ка Њујорк тајмс, Меги Хаберман, според која Трамп очекува дека од август тој повторно ќе биде претседател. Сето ова се базира на неговото очекување дека ревизијата на гласањето во Аризона која е во тек ќе покаже дека тој победил на претседателските избори 2020.
Хаберман ова го базира на информација од неколку луѓе блиски на Трамп, а според нејзе опсесијата на Трамп со враќањето во Белата куќа е распалена од можноста Јавното обвинителство на Њујорк да започне случај против организацијата Трамп за даночна измама.
Слични очекувања како Трамп има и неговиот адвокат, меѓутоа неговиот краен рок за враќање во Белата куќа не е август, туку крајот на годината.