Истражувачи од Стенфорд претресле 45 постоечки студии кои следеле десетина илјади пациенти месеци откако преживеале ковид-19. Утврдиле дека дури 73% од нив страдаат од долготрајни последици од болеста.
Таков процент пријавиле барем еден симптом кој не ги напушта со месеци, а најчесто се работи за малаксаност, недостаток на здив или неспособност за концентрација односно замагленост во главата.
„Не сакаме да дигаме паника со овој навистина висок процент од 73%. Се работи за хоспитализирани пациенти и со податоците кои ги имаме, не можеме да генерализираме,“ смирува епидемиолог кој работел на студијата
Друга студија, изведена од американската национална клиничка лабораторија ЛабКорп утврдила дека дури 9 од 10 луѓе кои биле заразени од ковид развиле имунитет кој со многу мало намалување се одржал десет месеци. Во ток од три недели, 90% од луѓето развиваат антитела за ковид, вели таа студија.