Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Милка го купи грчки 7Дејс за 2 милијарди долари

Првите се дел од конгломератот Монделез од САД, вторите се дел од Чипита од Атина, и во иднина ќе бидат под една компанија.

Северна Кореја, најголемиот ограбувач на банки во светот

Со украдени милијарди долари од банки, единиците за сајбер-војна на кореанската армија се многу подиректна и поитна закана отколку нејзината забранета нуклеарна програма.

Стави лажно знаме и насукај се ко господин

Бродовите пренесуваат 90% од светскиот трговски товар и затоа се круцијални за глобалната економија. Но, кога танкерите и големите бродови ќе го отслужат своето па ќе дојде време да се расходуваат, тоа во богати и пристојни земји е скапа операција. Ама затоа има сиромашни и глупи земји.

САД призна дека Шаоми не е „комунистичка кинеска воена компанија“

Министерството за одбрана на САД го тргна кинескиот производител од црната листа на „комунистички кинески воени компании“ во кои Американци не смеат да инвестираат.

Басара: Силувањето на Суљагина Фата

Ако Мухарем е за верување, Фата не да не е силувана, туку испаднала супер-спонзоруша која оди од дуќан до дуќан и за услугата бара сума за која можат само да сонуваат Станија и Тијана Ајфон.

ЕУ има амнезија за Моралес?

ЕУ деновиве претекува од принципиелност и едногласни осуди на  Белорусија заради скандалот со патничкиот авион кој беше пренасочен во Минск за да соберат еден опозиционер и активист против Лукашенко. Мислиш не е видено такво нешто на европскиот континент. А не да е видено такво нештo...

Бајден вс. Путин, 16 јуни, Женева

Првата средба меѓу новиот претседател на САД и вечниот претседател на Русија, ќе се случи во средината на јуни и според дојавите нема да биде ништо спектакуларно.

Знаете ли дека имаме бекап за дишење?

Веројатно сте го слушнале она дека премногу седење може да ве убие, но, постои уште една причина поради која, да го дигнете задникот, еден ден може да ви спаси живот.

Данок не се заборава, па макар бил и феудален

Жителите на италијанскиот град Сан Феличе Чирчео деновиве добија фактури за плаќање данок од нивниот феудален господар, кој во случајов е швајцарски барон. Сериозно.

Тексас ќе стане уште повеќе Тексас

Законот со кој на секое лице над 21 година во Тексас ќе му биде дозволено носење пиштол без каква било дозвола или обука стигна до потпишување кај гувернерот на Тексас, што во пракса се води како да е веќе потпишан.

Кансел културата стигна и во Босна

Станала Билјана Србљановиќ на крива нога и решила дека жртва на денот треба да биде покоен Химзо Половина а дека неговото кривично дело е замотано во севдалинка од којзнае кој век. Или пак, станала, се прашала што денес не чини на планетава и ѝ дошло: „Аха, Суљагина Фата!“ Оф мори мајко. Ајши, ајша, блесава жена та, Србљановић Биљана.

Како за две недели се распадна внимателно градениот имиџ на Бил Гејтс

Светот го почна мај со Бил Гејтс како омилениот милијардер бубалица филантроп, кој троши милијарди долари од своето и богатствата на други милијардери за да го подобри животот на најсиромашните. Месецот ќе го заврши со Бил Гејтс како разведен бубалица (се уште милијардер) со мерак на колешки кој бил спремен да се здружи со кого било само за да ги оствари своите комплекси.

Има нов коронавирус; се пренесува од кучиња

Во болница во Малезија е откриен нов коронавирус,кој не е варијанта или сој на овој што предизвикува ковид, туку сосема друг. Не се знае колку ќе биде опасен но има две крајно непријатни особини: се пренесува од кучиња и повеќето познати носители се - деца.

За повеќе мисли, следете ме

Научници успеале да следат една мисла, од нејзиното раѓање па до реакцијата која ја предизвикува. Потенцијално опасно откритие ако дојде во погрешни раце но одбранатa може да биде крајно едноставна и ефикасна: за да ја следат, треба да ја имаш.

За да не помислат на класи, с'скај ги со раси

Како либералните елити ја користат расната припадност на работниците за да создадат неединство меѓу нив, за да не им текне дека и да се бели и да се жолти, сите се на трудот црн народ.

Дали Мајка Тереза била лидер на култ?

Мери Џонсон е жена која се обидува да избега од религиозниот ред во кој членува повеќе од 20 години, светски познатите „Мисионерки на љубовта кон ближниот“ на Мајка Тереза, кој новиот подкаст „The Turning“ го опишува како „осило од психолошко малтретирање и присилба“.

А ќе речеш Австрија е

Клиниката Фрајдштад јавно се извини за „трагичната грешка“ затоа што на пациент му отсекла погрешна нога. Проблем е и што во пракса ова значи дека се уште има нога која треба да биде исечена.

Големо самоволие во јапонската железница

Машиновозач на оние ултра брзи јапонски возови е на дисциплинска бидејќи на три минути ја напуштил кабината, поради нужда, формат - голема. Плус, за таа делница го ставил возот на пола брзина. Негов колега од МЖ, ќе отиде по истата нужда, ќе ја обави со придружно скролање по Фејсбук, ќе удри некој лајк, ќе се врати, а луѓе од станицата уште ќе му мафтаат на возот во заминување.

Ганг труе на лешеви

Едно е страв од стигма од околината ако се дознае дека некој во семејството умрел од ковид-19, друго е што семејствата едноставно немаат пари да ги платат дрвата за кремација на лешот, па фрлањето на лешот во најголемата река во Индија станува решение за двата проблема.

Сериозни републиканци сериозни дека ковид-19 потекнува од лабораторијата во Вухан

Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.

Палестина победува во Лос Анџелес

На некакви демонстрации во Лос Анџелес за поддршка на Палестина, дел од про-палестинците налетаа на група Евреи кои вечераа во тој дел од градот.

Дур ја прегрмиме пандемијата, го изгоревме џигерот

Нивото на болести на црниот дроб кои се поврзани со алкохолот е зголемено за 30 па и 50 посто во однос на периодот пред пандемијата и посебните режими на живот. Тоа таму кај што мерат такви работи. Кај нас веројатно нема ни да го примат човек, пандемија е.

Франција: Полни сме, стоп мигранти

Нова сондажа на јавното мислење открива дека 71 процент од Французите сметаат дека земјата примила доволно имигранти и дека не може повеќе.

Бил Гејтс го дружел Епстин за Нобелова награда, не за женски

Дружењето меѓу најбогатиот човек на светот и човекот со најбогати и најмоќни пријатели на светот, било во надеж дека овој со врски ќе може да му обезбеди Нобелова награда за мир на овој со сите пари на светот.