
Според сведоците, учесниците во караванот кој минувал низ дел од Лос Анџелес ги нападнале луѓето кои седеле пред еден ресторан. Лос Анџелес тајмс пренесува изјава на сведок кој вели дека луѓето од караванот фрлале со шишиња и извикувале „смрт на Евреите“ и „слободна Палестина“.
По ова неколку возила застануваат и од нив излегуваат луѓе кои трчаат кон масите прашувајќи „кој е Евреин“? Тепачката избива кога двајца од гостите кажуваат дека се Евреи.
Полицијата на Лос Анџелес целиот случај го води како „организиран анти-семитиски напад“.