Пиштол во сечија рака

Тексас ќе стане уште повеќе Тексас

Законот со кој на секое лице над 21 година во Тексас ќе му биде дозволено носење пиштол без каква било дозвола или обука стигна до потпишување кај гувернерот на Тексас, што во пракса се води како да е веќе потпишан.

По ново, пиштолот во Тексас има статус на обичен уред за кој освен што не е потребна обука и дозвола за носење, нема потреба ни од проверка на човекот кој го купува оружјето.

Тексас и до сега ги имаше најлабавите закони за носење оружје, и има над 1,6 милиони луѓе со дозвола за носење пиштол на популација од 29 милиони луѓе. Сојузната држава веќе дозволува носење пушки во јавност без потреба од дозвола.

Законот предвидува едно комплексно решение околу проверките на луѓето кои носат оружје. Во основа никој со претходно кривично дело или други законски пречки не може да носи оружје, меѓутоа сојузната држава нема да го проверува тоа и останува на самите поединци да решат да не носат оружје. Единствената проверка ќе биде од сојузната влада, која пак не секогаш ги има истите информации што ги имаат и локалните власти, или ако лицето биде запрено и проверено од полицијата.

Забелешката на противниците на законот е дека без задолжителната проверка на човекот при купување на оружјето, нема да има начин како да се откријат проблематичните случаи.

Со законот фирмите и понатаму имаат право да изберат дали ќе забранат носење оружје на нивниот имот.

Тексас од 1995 им дозволи на своите граѓани да носат пиштол, а речиси цела измината деценија ги намалува трошоците и барањата за обука да добивање на таа дозвола.

25 мај 2021 - 09:34