35 годишниот возач ќе биде некако казнет затоа што го оставил кондуктерот на возачкото место додека тој, заради стомачни проблеми, морал да тркне до веце.
За време на тоа триминутно отсуство, 160-те патниците на возот се возеле со 150 километри на час, што е помалку од половина од брзината која можат да ја развијат Шинкасен возовите од Хикари серијата кои дигаат и до 320 километри на час.
Кондуктерот не бил лиценциран за управување на возови па директор во јапонската железница оценил дека потегот на машиновозач е „екстремно недопустлив.“
Целиот случај можеби и немаше никогаш да биде откриен доколку возот не доцнел на крајната дестинација цела една минута, што по автоматизам покренало истрага за причините и довело до овие инсајдерски сознанија.
Системот на овие куршум-возови беше промовиран пред првите олимписките игри во Токио во 1964 година а денес дневно го користат преку 400.000 луѓе.
И све нешто брзаат.