Бил Гејтс го дружел Епстин за Нобелова награда, не за женски

Дружењето меѓу најбогатиот човек на светот и човекот со најбогати и најмоќни пријатели на светот, било во надеж дека овој со врски ќе може да му обезбеди Нобелова награда за мир на овој со сите пари на светот.

Вработен на Гејтс фондацијата открива дека луѓе од тимот на комуникации на фондацијата биле алармирани за врската меѓу Гејтс и Епстин, и им било речено дека „тоа е маневар за тој да добие Нобелова награда“.

Истиот извор тврди дека Гејтс неколку години по ред држел дел од вработените „на повик“ на денот на доделување на наградата, во случај тој да е прогласен за победник.

„Свесни бевме за потенцијалниот ризик за репутацијата на фондацијата и ко-претседателите Бил и Мелинда. Дури и тогаш луѓето знаеа дека тој (Епстин) не беше чист.

Гејст сметаше дека Џефри ќе може да му помогне, дека ги знае правите луѓе, или некој начин како ги среди работите, за тој да добие Нобелова награда за мир, што е нешто кое Бил го сака повеќе од што било на светот.

Мислам дека тој беше крајно разочаран што тоа не успеа,“ изјавил изворот за Дејли Бист.              

Во 2020 норвешкиот бизнис весник „Dagens Næringsliv“ објави дека Гејтс и Епстин во 2013 биле во посета на тогашниот претседател на тогашниот претседател на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд. На состанокот присуствувале претставници на Меѓународниот институт за мир, управуван од новешкиот дипломат Терје Род-Ларсен, кој во 2017 добива донација од тајната добротворна организација на Епстин во износ од 375.000 долари.

Кратко по состанокот Институтот добива милиони долари грантови од Фондацијата Гејтс, а самиот Род-Ларсен меѓу другите пари што ги добива од Епстин успева да извлече и 130.000 долари како персонална позајмица.

19 мај 2021 - 15:55