Истражување покажува дека од 2002 до сега, експлодира бројот на пловила кои се регистрирани во некоја друга земја која не е нивната матична држава (тоа се вика flags of convenience). Оваа пракса им дозволува на сопствениците на бродовите кои доаѓаат од држави со стриктни еколошки правила, да ги расклопат бродовите и да се отарасат од сите тие тони отпад по багателни цени, се разбира со многу штета по околината.
Газди од богати земји, вклучувајќи ги оние од ЕУ, како и од САД, Јужна Кореја и Јапонија, го контролираат огромно мнозинство од постоечката светска карго и танкерска флота. Меѓутоа, анализа на податоците за расходување на пловилата, покажува дека меѓу 2014 и 2018 година, дури 80% од овие бродови биле уништени во само три држави, во кои слабо или никако не се регулирани еколошките, безбедносните и трудовите аспекти на ваквите дејности. Се работи за Бангладеш, Индија и Пакистан.
Ваквата пракса е доминантен модел меѓу бродосопствениците во ЕУ во последниве децении. Ригорозните ЕУ правила утврдуваат дека сите бродови регистрирани во ЕУ мора да бидат рециклирани во отпадни стоваришта одобрени од Европската комисија. Затоа, меѓу 2002 и 2019 година, уделот на ЕУ бродови регистрирани во сиромашни земји пораснал од 46% на 96%. На овој начин, цивилизираните Европјани и избегнуваат давачки и добиваат шанса да оперираат со супстандардни пловила.
Некогаш најактрактивни „лажни“ знамиња беа оние на Панама и Либерија а во последно време, најмногу се бараат знамињата на Коморските острови и на Палау, кои регистрираат странски бродови и издаваат знамиња без многу потпрашања.
Патем, главниот град на Коморските острови се вика Морони.