Шаоми ја доби етикетата ККМЦ (Communist Chinese military company - CCMC) на 14-ти јануари годинава, во последната седмица од владеењето на администрацијата на Трамп.
Веќе следниот месец Шаоми ја тужеше американската влада, а во март доби привремено блокирање на оваа обележје со забелешка од судијата дека ставањето на црната листа е „субјективно и злонамерно“.
Иако Шаоми успеа да излезе на крај со проблемите со американската влада, администрацијата на Бајден се уште нема дадено никаков ишарет за укинување на санкциите против Хуавеи.
Рчката меѓу САД и Хуавеи започна откако Трамп ги обвини дека работат за Кина и дека нивната 5Г опрема е закана за националната безбедност на САД и општо западниот свет.