Терминот е на крајот на првото патување на Бајден во странство како претседател на САД, и закажана по Г7 средбата во Велика Британија и НАТО самитот во Белгија.
Еднодневната средба меѓу Путин и Бајден нема да доведе до некои клучни нови договори, но и без тоа двајцата имаат за што да зборуваат и да потврдат некои стари позиции, како на пример договорите за контрола на нуклеарното оружје и климатските промени.
Ова ќе биде прва средба на лидери на двете држави, по состанокот на Трамп со Путин во 2018 во Хелсинки. Путин и Трамп се сретнаа на брзинка и во 2019 „на маргините“ на Г20 самитот во Осака.
Од почетокот на Мандатот Бајден имаше два телефонски разговори со Путин.
До сега Бајден главно заради ковид-19 протоколите не патуваше никаде во странство, но имаше виртуелни состаноци со странски лидери.
Во 1985 во Женева се одржа самитот меѓу Горбачов и Реган.