
2020 Чипита ја завршува со приходи од 580 милиони долари и според Монделез „покажале конзистентен раст на своето портфолио на брендови на кроасани и печени грицки“.
Грчката компанија произведува во 13 фабрики а нејзините производи се продаваат во повеќе од 50 држави.
Монделез ќе ја исплати Чипита со помош на комбинација од ново задолжување и кеш кој го имаат на располагање. Општото очекување е дека купувањето на Чипита веднаш ќе придонесе за раст на профитот.
Чипита треба да му помогне на Монделез „значително“ да го зголеми своето присуство во Централна и Источна Европа.
Освен 7Дејс, Чипитиа вон Грција ги има и брендовите Финети и Чипикао.
Конгломератот Монделез, некогаш познат како Крафт фудс, има годишни приходи од околу 26 милијарди долари и работи во 160 држави низ светот. Во портфолиото на Монделез, меѓу другите се:
- Милка
- Кот д ор
- Тоблероне
- Кадбери
- Лакта
- Орео
- Тридент
- Халс
- Белвита
- ТУК