Во последните 20 години, нови коронавируси прилично регуларно се појавуваа кај животни. Во 2002 година, на луѓе се префрли првиот SARS-CoV. Десет години подоцна се појави МЕРС кој ни дојде од камили, за во 2019, SARS-CoV-2 да почне да го освојува светот.
Сега науката пријавува нешто што најверојатно е најновиот коронавирус кој се префрла од животни на луѓе, и тоа од кучиња.
Кога пандемијата експлодираше, епидемиолози се прашуваа дека наоколу можеби има и други коронавируси од кои луѓе веќе се разболуваат и претставуваат потенцијална опасност од масовни размери. Проблем бил што немало алатка да го утврди тоа. Имено, тестот за COVID-19 е лимитиран и утврдува само дали конкретниот SARS-CoV-2 е присутен во нечиј респираторен тракт.
Главниот епидемиолог од Универзитетот Дјук, доктор Грегори Греј, и најдобриот студент во неговата лабораторија, Лешан Шиу, си дале задача да дојдат до создадат тест кој ќе функционира како оној за ковид-19 но ќе може да ги детектира сите коронавируси, вклучувајќи ги и непознатите. Успеале и повеќе отколку штоп очекувале, пренесува НПР.
Во првиот тестиран примерок, Греј и Шиу нашле докази за комплетно нов коронавирус поврзан со пневмонија кај хоспитализирани пациенти - повеќето од нив деца. Ова е осмиот коронавирус кој заболува луѓе а примерокот доаѓал од болница во Малезија.
Сите пациенти изгледале како да имаат регуларна пневмонија но кај некои од нив, горниот респираторен тракт бил заразен од новиот, кучешки коронавирус.
Проучување на геномската секвенца на вирусот покажува дека тој веројатно заразувал и мачки и свињи, но кај луѓе е префрлен од кучиња. Досега кучешки коронавируси не знаеја да го прават тоа.
Од досегашните податоци, не е познато дали новиот коронавирус се пренесува од човек на човек.