
Со други зборови, речиси две третини од луѓето не сакаат веќе никаква миграција во државата а убедливо мнозинство од 64% ваквиот став го објаснуваат со страв од тероризам.
Франција беше на удар на многу терористуички напади изведени од џихадисти кои во државата влегле како „бегалци“, вклучувајќи ги и повеќето од оние кои стоеја зад париските масакри.
Резултатите на истражувањето оддават и мешани чувства за реалноста во која се живее: 74% признаваат дека „диверзитетот“ прави проблеми но 85% сè уште мислат дека е тоа добра работа.
Ваквото расположение оди во прилог на десничарите на Марин Ле Пен во пресрет на претседателски избори догодина, но анти-мигрантското расположение ни оддалеку не може да се сведе на некакво десничарење: дури и умерениот Мишел Барние, кој беше главен преговарач на ЕУ околу Брегзит, предложи тотална забрана за имиграција во ЕУ во траење од три до пет години.
За Макрон посебна главоболка е фактот дека според последните истражувања, 60% од воениот и полициски кадар ја преферира Ле Пен во однос на него. Тој неодамна доби две отворени и многу незгодни писма потпишани од сегашни и поранешни воени лица кои предупредија дека Франција ита кон граѓанска војна ако претседателот Макрон не преземе нешто битно против забрзаната дезинтеграција на земјата.
Писмо со слична содржина, Макрон доби и од 93 поранешни полициски функционери кои предупредуваат дека Франција е на раб на колапс и дека постојат огромни делови од земјата во кои законите не функционираат а државата не може да припари.
Воената каста на Франција порача дека нема да се двоуми да излезе на улица за да воспостави ред доколку тоа од неа се побара.