Плусот пари што ги бара Бајден се во согласност со неговите План за американските работни места и План за американските семејства, кои опфаќаат надградба на инфраструктура на земјата и значително проширување на социјалната безбедносна мрежа.
Од администрацијата на Бајден тврдат дека овие инвестиции се клучни за Америка и понатаму да биде компетитивна, а тоа се прави со давање пари за: патишта, водовод, броудбенд интернет, мрежа на полначи за електрични возила и истражувања за унапредување на производството. Со предлогот на Бајден би пораснал и воениот буџет на САД, но би се намалил како дел од економијата.
Буџетот треба да се финансира со зголемување на даноците на корпорациите и поединците со високи приходи. Бајден изјави дека тој не планира да го зголемува данокот за сите што заработуваат помалку од 400.000 долари годишно.
Бидејќи парите од дополнителното даночење би дошле низ следните години, со предлогот на Бајден дефицитот на САД во 2022 би достигнал 1.800 милијарди долари, без разлика што економијата на земјата почнува да зема залет по пандемијата.
Иако одлуката за буџет ја носи Конгресот, и речиси никогаш не е по мерак на кој било претседател на САД, сепак поднесувањето на предлог од страна на претседателот е неопходно за да започне целата процедура.