Овој пат полициската пракса на проверување потрошувачката на струја не успеала како што тоа го планирале полицајците и излегло дека тоа што тие го замислувале како нелегален одгледувач на канабис излегол нелегален копач на криптовалути.
Копачот е обвинет дека за напојувањето на 100-те компјутери што му копале криптовалути украл струја во вредност од стотици илјади фунти.
Освен потрошувачката полицијата добила дојава дека во текот на денот во објектот влегувале и излегувале голем број луѓе, а дроновите на полицијата регистрирале топлина која зрачела од зградата.
Имајќи ги предвид сите овие „симптоми“ тие очекувале фарма за канабис.
Запленета е целата опрема, ама никој не е уапсен.