Руските владини агенции мета на хакерски напади „без преседан“

Алармот го вклучи ФСБ, според кои странски хакери упаднале во руски федерални агенции во организирана кампања за дигитално шпионирање, која е „без преседан“ по својата софистицираност и обем.

Извештајот е на ФСБ и на Ростелеком-Солар, безбедносната филијала на Ростелеком, кои тврдат дека нападот се случил во 2020.

Сомнежот е дека напаѓачите имале пристап до безбедносен пропуст во антивирусот на Касперски лаб кој го користат руските агенции, заради што се верува дека станува збор за „сајбер платеници“ кои работат во интерес на странска држава. Касперски отфрла дека имало каква било слабост во нивниот софтвер.

Тоа што ги збунува надворешните истражувачи е колку малку внимание добил извештајот од ФСБ во руските медиуми кога бил објавен на 13 мај, и како тој е откриен дури една недела подоцна од сајт за сајбер-безбедност. Заради вака бездушната појава на извештајот, сомнежот е дека тој повеќе е наменет за руска публика главно за подобрување на имиџот на Солар.

27 мај 2021 - 15:41