Прекршувајќи го своето ветување околу собирање пари од лобисти, Бајден во октомври 2020, кратко пред изборите, добил донација од Ричард Бурт, менаџинг партнер во МекЛарти Асошиејтс.
Не станува збор за богзнае колку пари, 4.000 долари, меѓутоа е симптоматично што Бурт лобира за 5 компании кои работат на руско-германскиот проект Северен тек 2.
Неколку месеци по подарокот Бајден одбива да ги санкционира овие компании, и покрај тоа што според Стејт департманот „се вклучени во активности за кои треба да бидат санкционирани“, заради американски национални интереси.
Од Демократската партија објаснуваат дека причината зошто кампањата на Бајден ги прифатила парите е што Бурт при донирањето не навел дека работи за странски компании.
Бурт е американски амбасадор во Западна Германија од 1985 до 1989, и меѓу другото учествува во размена на 9 лица со Источна Германија. Потоа постојано е директно или индиректно вмешан во американската надворешна и безбедносна политика, а освен што лобист, тој е и дел од Советничкиот борд на Алфа капитал партнерс, во која инвеститор е руската Алфа-банк.