
Инцидентот се случува минатата година во март за време на судирите меѓу либиските владини сили и либиската Национална армија предводена од генерал Хафтар.
Освестениот е турски воен дрон од моделот КАРГУ-2, направен за „асиметрично војување и анти-терористички операции“. Според извештајот КАРГУ-2 гонел еден од војниците на Хафтар додека тој се обидувал да се повлече и го нападнал без тоа да му биде конкретно наредено.
Дронот, кој има и камикази опција да експлодира при удар, бил во „високо ефикасниот“ автономен режим на работа во кој нема потреба да биде управуван од човек.