Механизмот за испорака значи дека вакцините испраќаат ДНК генетски секвенци од пепломерите до клеточното јадро, наместо до цитосолната течност која се наоѓа во клетката каде вирусот вообичаено произведува протеини.
Кога се внатре во клеточното јадро, пепломерите (шпицовите на ковид-19 со кои вирусот се закачува на клетките) тие се делат и создаваат мутирани верзии кои не можат да се закачат на мембраната на клетката каде се случува имунизацијата. Плутачките мутирани пепломери се исфрлени од клетката во телото, предизвикувајќи згрутчување на крвта кај отприлика 1 човек на 100.000 вакцинирани.
За разлика од Астразенека и Џонсон и Џонсон, МРНК вакцините како оние на Фајзер и Модерна, го испорачуваат генетскиот материјал од пепломерите директно во цитосолната течност и тој никогаш не стигнува во допир со нуклеусот.
До сега, проблемот со згрутчување е во Британија е пријавен кај 309 од 33.000.000 лица вакцинирани со Астразенека. Од овие 309, 56 случаи завршија со смрт.
Според, Ролф Маршалек, научникот од Гете Универзитетот во Франкфурт кој доаѓа до ова откритие, решението е производителите да направат мало подесување на вакцините и да спречат делење на пепломерите.
Џонсон и Џонсон веќе ја контактирале лабораторијата на Маршалек и побарале совет околу адаптирање на нивната вакцина.