Данска е зрела за извештај од Прибе

Тајната служба на Данска им помагала на своите колеги од озлогласната американска агенција НСА да шпионираат европски политичари, меѓу кои и Ангела Меркел, покажува истражување на неколку европски медиумски куќи.

Мета на американската Агенција за национална безбедност во што бил помагани од данската тајна служба ФЕ биле политичари од Германија, Франција, Шведска, Холандија и Норвешка. ФЕ помагала и околу шпионирање на данските министри за надворешни работи и за финансии како и на еден нивен производител на оружје.

За првпат вакви наводи се обелоденија во 2013 година, преку протечените информации на Едвард Сноуден, по кои НСА била во посед на содржината на телефонот на Ангела Меркел. 

Данската влада знаела за учеството на нивната тајна служба во овие операции барем од 2015 година, пишува Дојче Веле. 

Извори од тајната служба сега доставиле информации за оваа скандалозна американско-данска соработка на екипа од дански, шведски и норвешки бродкастери, како и до француски Ле Монд и германски Зидојче Цајтунг.

„Политички ова го сметам за скандал“, вели некогашниот кандидат за канцелар од централно социјалистичка партија СПД Пеер Штајнбрук, кој исто така бил следен во операцијата Дунхамер (рогози) изведена користејќи ги подводните интернет кабли, во што еден од клучните сојузници биле данските разузнавачи.

Не се знае колку долго траела операцијата и соработката на двете служби но се знае дека данската влада го принудува целото раководство на нивната ФЕ да даде оставка дури во 2020 година.

31 мај 2021 - 16:56