Озлогласените кампови кои повеќе се познати по бројот на луѓе што загинаа во нив, отколку по градежните подвизи, повторно станаа актуелни откако неколку руски министри, државната железници и првиот човек на руските затвори, предложија ангажирање на околу 188.000 затвореници за пополнување на недостатокот на градежни работници предизвикан од егзодусот на централноазиските мигранти заради ковид-19.
Иницијативата веднаш повлече споредби со советскиот гулаг (Главное управление лагерей), во кои се проценува дека во периодот меѓу 1930-те и 1950-те загинале стотици илјади луѓе. Ваквите споредби веднаш беа отфрлени од властите, а според првиот човек на рускиот казнено-поправен систем, „тоа нема да бидат гулази, туку се работи за апсолутно нови и пристојни услови.“
Паралелно со ова анкетата на државната ВТсИОМ, покажува дека 71% од Русите ја поддржуваат идејата за заменување на работниците мигранти со затвореници, а само 21% се против.
Оние што биле за, било поверојатно својот став да го поткрепат со отслужување на казна на затворениците и некаква корист за општеството од нив. Аргументите на против кампот биле: потреба од изолирање на затворениците од општеството, потенцијално лошо завршена работа и споредби со гулаг.