Еве ги рејтинзите од последниот понеделник:
Најгледана содржина им бил Прајм тајмот на Крис Куомо кого го погледнале 919.000 гледачи, речиси три пати помалку од смртните непријатели од Фокс, односно емисијата на Такер Карлсон кои прокнижиле 2,8 милиони гледачи. Директната конкуренција од MSNBC, шоуто на Рејчел Медоу имало 2,4 милиони гледачи.
Истиот редослед е и во клучната демографија на публиката, онаа од 25-54 години. Куомо имал 191.000, Медоу 349.000 а Карлсон 440.000.
Карлсон е убедлив победник и во двете категории, и во вкупниот број гледачи и во амаркетиншки најбитната публика. После него дента е шоуто The Five (на Фокс) трет е Ханити (Фокс), четврт е Специјалниот извештај на Брет Бајер (Фокс) а петти The Ingraham Angle (да, пак Фокс).
Е, до толку не се гледливи CNN, сега кога го немаат Трамп како дежурно страшило (што е слична судбина на некои овдешни медиуми).
Рејтинзите на CNN се во драматичен пад откако Трамп ја напушти Белата куќа. Мрежата има изгубено речиси половина публика, нотира и Бизнис Инсајдер.
Јавноста своевремено се шокираше од бруталната искреност на Лес Монвес од CBS кога во кампањата во 2016 година изјави: Трамп „можеби не е добар за Америка ама е проклето добар за CBS!“, пренесовме во статијата CNN и Трамп: Ти мене анти-војводо, јас тебе анти-сердаре