Се работи за ретка нишка на птичјиот грип, за која за сега нема индикации дека може лесно да се шири меѓу луѓе.
Кинезите не даваат информации како се заразил човекот, меѓутоа соопштија дека тој е во стабилна состојба и ќе биде отпуштен од болница. Истрагата на неговите блиски контакти не открила други случаи.
Стандардно птичјиот грип првично се појавува кај луѓе кои работат или одгледуваат живина.
За Х10Н3 се знае дека предизвикува релативно не сериозни заболувања кај живината, а според кинеската Здравствена национална комисија малку е веројатно дека тој може да предизвика епидемија.
Ни СЗО не знае на што точно бил изложен пациентот само потврдува дека вирусот не бил најден кај остатокот од локалното население. За сега нема потврден случај на пренесување на вирусот од човек на човек.
Последната епидемија на птичји грип во Кина се случи кон крајот на 2016 и продолжи низ 2017. Тогаш во прашање беше Х7Н9 варијантата која зарази 1.668 лица, и од која имаат умрено вкупно 616.