Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Ајде групно да се разочараме од платата

Од Твич видео-платформата на која луѓе се снимаат како играат видео и други игри деновиве протекоа платите на најплатените стримери на платформата. И што да гледаш, милиони.

Што бубачки сакате за вечера?

Глобалното земјоделство искористува половина од површината на планетава на која може да се живее, а глобалното производство на храна душмански ја загадува планетава, и ситуацијата е толку непоправлива што Економист верува дека е полесно народ да го натераш да јаде бубачки, отколку тоа да се среди.

Мерк на САД им го продава апчето против корона 40 пати поскапо отколку што чини да се произведе

За петдневна терапија со молнупиравир, новиот лек кој се смета за голем напредок во лечење ковид-19, американската влада треба да му плати на Мерк 712 долари. И ова е „цена како за вас“ без разлика што работата на молнупиравир беше финансирана од буџетот на САД.

Фајзерци за имунитетот: Природно си е природно

Проектот Веритас се вклучи во дебатата за вакцините со тајно снимено видео од неколкумина истражувачи на Фајзер кои се согласуваат околу тоа каков имунитет е подобар и во кој случај се добиваат повеќе и поквалитетни анти-тела.

Фејсбук е свесен колку е гнил

Компанијата знае до најситни детали дека нејзините платформи се преполни со недостатоци кои предизвикуваат штета на општеството на начини кои често пати целосно и се јасни само на компанијата, е заклучокот од истрагата на Вол стрит журнал откако до нив се протечени бројни внатрешни документи и истражувања на Фејсбук.

Кралицата ќе ги плати милионите за одбраната на принцот Ендру

Бидејќи вториот син на кралицата Елизабета нема никакви видливи приходи, а во исто време има сериозни обвинувања дека е педофил, британското кралско семејство почувствувало дека е неопходна финансиска интервенција.

И Нов Зеланд дигна раце од идејата за нула ковид

Нов Зеланд го призна тоа што другите земји го признаа многу порано: дека овој вирус не може да се капсулира, без разлика колку строги и долготрајни рестрикции бидат воведени. Премиерката најави постепено олабавување на мерките.

Фалиш, будалче

На најновите сондажи на јавното мислење во оваа сојузна држава, Доналд Трамп забележал рекорден рејтинг. Денес тој има 53% поддршка, колку што немал во ниеден момент на неговото претседателствување.

Ќе гониме ли анти-апдејтери?

Првиот човек на БиоНТек предвидува дека веќе следната година, ова што ги имаме примено како вакцина нема да важи и дека ќе ни треба апдејт, тоест нова вакцина. Дотогаш, за нас не сме сигурни, но тие (компаниите) и со бустери ќе преживеат некако.  

Форин полиси уплашен за здравјето на Ердоган

Американскиот политички магазин фокусиран на меѓународна политика и глобални теми, проценува дека 67-годишниот Ердоган е некако болежлив па се загрижени дали тој ќе може да продолжи да ја води Турција.

Дали се „документи“ ако го нема Путин во нив?

„Пандора документите“ се најголемото протекување на доверливи документи од некои од најголемите оф-шор локации низ светот, кои содржат 12 милиони документи од 14 компании за оф-шор финансиски услуги. Во сите овие 12 милиони документи ниту еднаш не е сретнато името на рускиот претседател, ама затоа неговиот лик е сеприсутен на насловните на медиумите што ја објавија веста.

Американците почнаа да посакуваат распад на Америка

Повеќе од половината од луѓето што гласале за Трамп се за поделба на Соединетите држави. На сличен став се околу 41% од гласачите на Бајден.

Хендрикс не стигна во Ројал Алберт Хол

Виолинисти обично не прават вести освен кога се работи за некој скандал или контроверза или пак кога во прашање е Најџел Кенеди. Овде ги има двата елемента.

После вакцините, фармацијата е во трка по апче

И воопшто да не се сомневате во нивните добри намери, не ве ежи ли по малку помислата дека тие знаат како со апче да праќаат грешки во нечиј генетски код?

Дали апче ќе успее да нè извади од пандемијата?

Американска фармацевтска компанија тврди дека дошла до апче кое е ефикасно против ковид-19, не како превенција од ковид, туку како превенција од смрт. Нивните тестови дале одлични резултати, сега само чекаат американските власти да ги изведат своите тестови.

Транс-спортистките ја задржуваат физичката предност над жените и по терапијата

Нагласувајќи проблеми со „правичност и безбедност“ извештај објавен од Британскиот совет на петте спортови, покажува дека клучната физичката предност на транс-жените пред биолошките жени останува дури и по намалувањето на нивото на тестостерон кај транс-родовите спортистки.

Во кој медиум се крстите?

Од пренесувачи на вести и информации, медиумите се имаат претворено во конфесии чија главна мисија е да ја докажат правоверноста на своите наративи при што погрешноста на ривалската вера и приказните за глупоста „на оние другите“ се главна содржина на медиумските литургии.

Самоубиен полицаец открил дека е сериски убиец

Со години, сериски силувач и убиец беше кошмар за Париз бидејќи иако неговите злодела се случуваа одамна, никогаш не се откри кој е. Сè додека не се самоуби еден француски полицаец.

Кина создаде сопствен клуб на земји должнички

Слично како што Западот на памук им ја вади душата на африканските и други сиромашни држави низ светот со кредити и долгови, така Кина макотрпно успеа да стигне до 358 милијарди долари што и' ги должат земјите низ светот.

Ивермектинот не чинеше ама Фајзермектинот ќе биде супер?

И покрај надежните резултати во третманот на ран ковид, ивермектинот прописно беше медиумски оцрнуван, веројатно заради неговиот најпознат промотер - Доналд Трамп. Пазете сега: Фајзер обелоденува дека влегува во клучна фаза на тестирање на свој лек. Лек кој неодоливо потсетува на „пастата за коњи“, како што омаловажувачки го нарекуваа ивермектинот.

Ќе извади ли Вашингтон кованица од еден трилион долари?

Идејата е стара десетина години но се враќа секогаш кога Конгресот е заглавен во меѓупартиски клинч околу долговите. Вадиш една кованица од еден трилион долари, ја депонираш во резервите и одеднаш имаш покритие за сè што ти треба.

Јутјуб ќе ги збрише сите видеа против вакцини

Забраната ги опфаќа целиот антиваксерски опус и дезинформациите за кои било вакцини што до сега беа достапни на платформата. Вчера Јутјуб го избриша каналот на РТ на германски јазик заради дезинформации, денес Роскомнадзор порача дека ако каналот не биде под итно вратен на Јутјуб, цел Јутјуб ќе биде забранет во Русија.

Пентагонска економија

Американската воена индустрија и нивните контрактори се единствените профитери во црната дупка наречена Авганистан. Во некои периоди имале повеќе контрактори отколку војници на терен (за да обезбедуваат војска дојдена да обезбедува). А каналот воена индустрија - политика, отворен три прста, во двата правца.

Кина не може да победи во трката во вооружување со САД

Обидот да се парира на заедничката воена моќ на Америка и нејзините сојузници ќе бара радикално зголемување на потрошувачката за одбрана - истата стапица во кој се фати Советскиот сојуз.