На почетокот на неделава Фајзер соопшти дека влегува во финалните фази на клиничките тестирања на профилактилен лек за лица кои дошле во контакт со ковид.
Случајно или не, новиот лек на Фајзер содржи најмалку еден - и тоа клучен - механизам кој го поседува и ивермектинот - антипаразитик кој функционира како инхибитор на еден ензим кој ги разложува протеините во случај на ковид.
Евтин е и безбедно се користи со децении и кај животни и кај луѓе но истражувачите на Фајзер допрва откриваат дека можеби токму тој механизам е биофизичка основа за антивирална ефикасност.
Лекот на Фајзеер веќе потсмешливо го нарекуваат Фајзермектин.
„Меѓутоа, Фајзер и Модерна со своите постапки веќе му покажаа на светот дека го третираат ковид како 'мана од небото', како нов профитен центар благодарејќи на кој нивните акционери ќе бидат како бубрег во лој, особено откако овие компании тивко ги покачија цените на своите вакцини“, пишува Тајлор Дарден.
Мајкл Капузо, кој има шест номинации за Пулицер и е бестселер автор на Њујорк Тајмс, во својот опасно добар приказ „Лекот кој го хакна ковидот“. наведува дека благодарејќи на ивермектинот, досега се спасени илјадници, а веројатно и милиони животи, од Утар Прадеш во Индија, до Перу и Бразил во Латинска Америка.