Мерк и Риџбек биотерапјутикс објавија дека имаат антивирално апче кое за половина ги намалува хоспитализациите и смртните случаи кај лица дијагностицирани со ковид-19.
Ова би било прво апче што ќе може да се зема орално, сите досегашни лекови, како ремдесивир, кои се покажале како ефикасни ако на време се земат, треба да бидат дадени како инекција или инфузија.
Мерк тврди дека ќе побара итна авторизација за лекот во САД во следните две недели, и ќе побара одобрение за користење уште во неколку други држави.
Испитувањето на Мерк опфаќа 775 возрасни лица со благи до средни ковид симптоми, кои имале и други здравствени проблеми како дебелина, дијабетес и срцеви заболувања. На половина од нив 5 дена им е давано новото апче, молнупиравир. На крај разликата меѓу овие што го примиле новиот лек и плацебо групата била 28 хоспитализирани пациенти наспроти 53 хоспитализирани.
Податоците од студијата се уште не се независно рецензирани, меѓутоа независната група на медицински експерти што го следела испитувањето препорачала негово предвремено завршување затоа што „првичните резултати биле охрабрувачки“.