Кина создаде сопствен клуб на земји должнички

Слично како што Западот на памук им ја вади душата на африканските и други сиромашни држави низ светот со кредити и долгови, така Кина макотрпно успеа да стигне до 358 милијарди долари што и' ги должат земјите низ светот.

Истражувачите утврдиле дека 165 држави и должат на Кина барем 385 милијарди долари за проекти поврзани со „појас и пат инцијативата“ БРИ.

Карактеристично за овие долгови е што тие систематски не се пријавувани во меѓународни тела како Светската банка.

Станува збор 4-годишна студија спроведена американската АидДата според која овие долгови се држат на страна од официјалните биланси на државите преку користење на позајмици за специјални цели и полу-приватни позајмици, и се далеку поголеми отколку што до сега се мислеше.

Меѓу овие 165 држави, 42 држави со низок до среден приход имаат долг кон Кина кој надминува 10% од нивниот БДП, вклучувајќи го и Лаос, Папуа Нова Гвинеја, Малдиви, Брунеи, Камбоџа и Мијанмар.

Пример, железничкиот проект Кина-Лаос од 5,9 милијарди долари целосно е финансиран со неофицијално задолжување кое е еднакво на околу една третина од БДП-то на Лаос.

АидДата истражува над 13.000 проекти од БРИ кои вредат над 843 милијарди долари во 165 држави во периодот меѓу 2000 и 2017. Тие откриваат дека кинеското позајмување на други држави драматично се префрла од влада-на-влада позајмици во времето пред БРИ, на позајмици кои сега одат директно кон државни компании, банки, приватни институции. На вториот начин денес отпаѓаат 70% од позајмиците.

Ова доведува до масовно непријавување на обврските за плаќање, затоа што главните позајмувачи повеќе не се централни владини институции со построги правила за репортирање.

И пред извештајот се стравуваше околу транспарентноста на позајмиците преку БРИ и се сметаше дека големите заеми на високо ризични држави овозможуваат „должничка дипломатија“ во корист на Кина.

Еден од аргументите кои ја оправдува праксата е дека овој тип на позајмици бил неопходна мерка, затоа што голем број од државите и претходно биле презадолжени и не смееле официјално да земат нови заеми.

30 септември 2021 - 19:22