После вакцините, фармацијата е во трка по апче

И воопшто да не се сомневате во нивните добри намери, не ве ежи ли по малку помислата дека тие знаат како со апче да праќаат грешки во нечиј генетски код?

Откако вакциналната технологија и производство се стабилизираа (а побарувачката се буста со идејата за бустери, ребустери, убербустери...) сега е време за апче.

Експерименталното антивирално апче кое го развива Мерк би можело да ги преповоли шансите за хоспитализација и смртен епилог кај оние кои се во најголем ризик да развијат жестока форма на ковид, најавуваат истражувачите верувајќи дека се на праг на пресврт во третманот на вирусот. 

Доколку добие авторизација, нивниот молнопиравур би бил првиот орален антивирален медикамент за ковид-19. Лекот е дизајниран да внесува грешки во генетскиот код на вирусот, пренесува Ројтерс.

Актуелните третмани на ковид главно се темелат на антивиралниот ремдесивир на Гилеад и на генеричкиот стероид дексаметазон но обете средства се даваат обично кога пациентот веќе завршил во болница.

„Сегашните решенија се бавни и сложени за логистика. Едно апче кое се пие би било чиста спротивност на тоа,“ велат од центарот за здравје Џон Хопкинс.

Веста дека Мерк влегуваат во трета фаза на кличничките испитувања на нивно апче за ковид, ги бустна акциите на компанијата за 9%.

*********

Види и:

Ивермектинот не чинеше ама Фајзермектинот ќе биде супер?

3 октомври 2021 - 09:01