Истото истражување покажува и рекордно ниско ниво на оние кои не го поддржуваат во Ајова. Додуша, не се малку: 47% уште не го можат а 2% се неодлучни.
Бајден во Ајова денес има најниско ниво на поддршка. Склони му се само 37% од гласачите.
Учесниците во анкетите најчесто спомнувале дека го сакаат Трамп затоа што не е класичен политичар.
„Не знам точно што е, ама барем политичар не е,“ гласи едно од таквите објаснувања.
Токму во Ајова започнува првиот чекор во долгиот процес за кандидатски номинации. Трамп веќе најави посета на државата но и Мајк Пенс планира свое појавување таму.
На национално ниво Трамп убедливо води пред останатите потенцијални кандидати, но доколку него, поради нешто, би го немало на листата (a нe би чудело), тогаш кај републиканците водат Пенс и Рон ДеСантис од Флорида.