Извршниот директор на биотехнолошката групација која после Русите, прва на Запад дојде до вакцина, вели дека најверојатно ќе биде потребна нова формула за вакцина веќе во втората половина на идната година, за да биде пружена заштита од мутираните облици на коронавирусот.
Угур Сахин изјавил дека како што проаѓа времето, ќе се појават соеви кои ќе знаат да ја избегнат имунолошката одбрана на имунизираните.
„Оваа година различна вакцина е целосно непотребна но до половината на следната, може да имаме поинаква состојба“, рекол тој за Фајненшел тајмс.
Партнерството меѓу германските биотехничари и американските фармацевти Фајзер резултираше со првата мРНК вакцина која ги доби регулаторните дозволи по што стана глобален бестселер вакцина оваа година.
Во интервју за ФТ, Сахин рекол дека моменталните соеви кои се во оптек, особено делта варијантата, се позаразни од „оригиналот“ но се недоволно различни за да се поткопа ефикасноста на постоечките вакцини.
„Бустерите засега се чини дека вршат работа“ рекол тој но додал дека е извесно оти вирусот ќе развие мутации кои ќе знаат да го избегнат имуно-одговорот на постоечките вакцини па ќе треба да се „дизајнира“ нова верзија на вакцина, специфична за конкретната мутација.
Фајзер/Бионтек и другите производители на вакцини и натаму жестоко се противат на притисокот од неразвиените земји и хуманитарните агенции да ги споделат патентите за да овозможат помасовно и поевтино доаѓање до вакцина, со оправдување дека тоа е ризик во поглед на контролата на квалитетот.
„Вирусот ќе остане и ќе продолжи да се адаптира. Се работи за континуирана еволуција а еволуцијата допрва почна,“ изјави извршниот директор, на огромна радост на акционерите на компанијата.