Во 80-тите и 90-тите, силувал и убивал брутално, вклучувајќи малолетници меѓу кои и 11 годишно девојче. Никогаш не бил фатен ниту имало некој цврсто осомничен. Париз го завикал Рошавиот (“Grele”), по описите на неговото лице на оние кои успеале да спасат глава после траумата со него.
Таман случајот да отиде во заборав поради одминатите години, се случува пресврт. Се самоубива француски полицаец и остава проштална порака во кој признава дека тој е Рошавиот.
Засега медиумите го именуваат само како Франсоа В., додека не се проверат наводите во неговата порака, напишана пред намерно да се овердозира во еден резорт близу Монтпеље.
На душа му одат шест силувања а три од преживеаните жртви го опишале како полицаец, но полицијата верувала дека монструмот само така е маскиран.
59 годишниот Франсоа В. веројатно насетил дека обрачот на истрагата се стеснува околу него бидејќи неодамна му било побарано да даде ДНК примерок.