Сето ова важи и покрај сослушувањата пред Конгресот, трогателните ветувањата што ги дава социјалната мрежа и безбројни медиумски осврти на проблемите.
„Постоеше конфликт меѓу што е добро за јавноста и што е добро за Фејсбук, и Фејсбук повторно и повторно избираше да оптимизира за своите интереси, како правење повеќе пари,“ порачува Франсис Хојген, поранешната вработена на Фејсбук која ги испорачала документите до Вол стрит журнал.
Документите испорачани од Хојген откриваат дека на Фејсбук со години анализира и истражува како Инстаграм влијае на младите корисници и заклучува дека Инстаграм е „штетен за голем процент од нив, посебно за тинејџ девојчиња, и повеќе од која било друга платформа.“
И покрај овие очигледни сознанија до кои сами доаѓаат, Фејсбук во јавност постојано го релативизира негативното влијание на апликацијата, вклучително и пред Конгресот. Дополнително бескрупулозноста на Фејсбук е и во тоа што никогаш до сега ги нема јавно објавено своите истражувања или да ги направи достапни за научници и законодавци кои ги побарале материјалите.
Кога Фејсбук во 2018 пушта пообемни измени на својот алгоритам, тоа според Закерберг е со цел за „засилување на врските меѓу корисниците и подобрување на нивниот добробит преку одржување на интеракции со пријателите и семејството“.
Во исто време дур во јавност се тера оваа кампања, внатрешните анализи на Фејсбук покажуваат дека промената има спротивен ефект. Вработени на компанијата алармираат дека промените „го прават Фејсбук и тие што го користат, погневни.“
„Документите покажуваат дека Закерберг отфрлил дел од предложените решенија од неговиот тим, затоа што се плашел дека на тој начин луѓето ќе имаат помала интеракција со Фејсбук,“ пишува Вол стрит журнал.
Дури и кога вработените на компанијата работеле според сите правила и алармирале дека нивната платформа во земјите во развој се користи за трговија со жени, поттикнување на насилство, продажба на органи, порнографија и потиснување на политичка опозиција „компанијата во најголем број случаи не преземала доволно или воопшто ништо.“
Компанијата со години работи на планови како да привлече што е можно повеќе деца на предтинејџерска возраст. Во еден од протечените документи од 2020 пишува „Зошто ни е гајле за пред-тинејџери (9 до 12 години)? Тие се скапоцена но недопрена публика“.
Неколку подкасти од Вол стрит журнал на темава, имате тука.
Интервјуто на Хојген за 60 минути: