Колку во трауматичната атмосфера после терористичкиот напад од 11 септември 2001 година, политичката клима била поволна за зголемување на буџетот на Пентагон, говори изјавата на претседателот на Боинг, Хари Стонсајфлер за Волстрит журнал од октомври истата година:
„Новчаникот е сега отворен.... Секој член на Конгресот кој нема да гласа за средства потребни за одбрана на оваа земја, ќе си бара нова работа после следниот ноември.“
Во првата година после тој напад, буџетот на Пентагон е зголемен за сума поголема од целокупниот воен буџет на сили како Кина, Русија, Британија, Германија или Франција.
Во рекордната 2010 година, Пентагон троши повеќе отколку во врвот на војните во Кореја или Виетнам (пресметано во вредноста на доларот во таа година).
„Војната за некои е пекол но е рај за економија зависна од војни,“ ќе каже за Ал Џезеира професорот по јавно право од универзитетот Џорџ Вашингтон, Џонатан Тарлеј.
Анализа на магазинот Форин полиси од август оваа година покажува дека од 80 до посто од директните воени трошоци во Авганистан и Ирак се вратиле во американската економија.
Петте најголеми американски произведувачи на оружје (Локид Мартин, Боинг, Генерал динамикс, Реитен и Нортроп) оствариле над 286 милијарди долари само во фискалната 2019 и и 2020 година, односно 2,1 трилиони долари од 2001 до 2020 година.
Во тој период, само за лобирање, индустријата за вооружување има потрошено 2,5 милијарди долари, со фокус на претседателските кандидати, врвот на Конгресот и членовите на одборите за вооружени сили во двата дома на парламентот.
За десет години, 380 високи воени лица, после пензионирањето заминале во лобисти, консултанти на компании снабдувачи и членови на управни одбори а 51 член на Конгресот (или нивни сопруги) имаат акции вредни меѓу 2,3 и 5,8 милиони долари кај 30-те најголеми контрактори. Една третина од сенатскиот поткомитет за одбрана има лични акции акции во тие бизниси.
Анализа во магазинот Американ конзерватив покажува како во 2015 година, Локид Мартин имаат моќен сојузник во командантот на морнаричкиот корпус, подоцна и шеф на здружениот штаб Џозеф Данфорд кој се залагал за производство на авионот Ф-35, што даночните обврзници ќе ги чини 1,5 милијарди долари. Само 4 месеци откако ја напушта војската, Данфорд влегува во управниот одбор на Локид Браун, пренесува Време од Вашингтон Тајмс.
Осум генерали кои командувале со американските сили во Авганистан меѓу 2008 и 2018 година, имаат ангажмани во над 20 корпоративни одбори.
Протокот оди и во обратна насока, од воената индустрија кон високата политика: четворица од петтемина последни секретари за одбрана доаѓаат од еден од петте најголеми произведувачи на оружје: Џејмс Матис (член на одборот на Генерал динамикс), Патрик Шанахан (извршен во Боинг), а Марк Еспер и бајденовиот секретар Лојд Остин од управниот одбор на Реитен технолоџис.
Милијарди долари добиваат и познати тинк-тенкови и тн истражувачки центри кои се залагаат за зголемување на буџетот на Пентагон (Херитиџ, Лексингтон... 50-тина ги има).
Политико и специјализираниот магазин Милитари тајмс пишуваат дека на почетокот на 2012 година, во Авганистан биле ангажирани повеќе од 117.000 невоени „изведувачи на одбрамбени работи“. За споредба, бројот на војници бил 88.000. Дури 23% од ти контрактори работеле како дополнително обезбедување (на војската која обезбедува). Во тој контекст се спомнуваат Динкорп и особено озлогласените Блеквотер кои стојат зад масакрот на 17 лица на плоштад во Багдад во 2017, кога отворија оган на место преполно со цивили.
Трамп помилуваше неколку извршители на тој злостор а после пукањето, Блеквотер неколкупати се ребрендираа, прво како КСЕ сервиси, подоцна како Академи за на крај да се спојат со фирмата Трипл канопи.
Основачот на Блеквотер, Ерик Принс, се одвојува од компанијата па во име на Обединетите арапски емирати, регрутира приватни платеници за граѓанската војна во Либија.
Додека високо обучен вооружен контрактор со морнарички бекграунд можел да заработи 200.000 долари во Ирак, три четвртини од работната сила вработена во тие фирми биле странци од земји како Непал или Филипини, кои некогаш бил плаќани и само 3.000 долари годишно, пишува Милан Милошевиќ во Време.