Гардијан е единствениот од поголемите меинстрим медиуми кој јасно пишува дека Путин никаде не се споменува по име во документите, а и покрај тоа решаваат да го стават како еден од ликовите на воведната фотографија.
Би-би-си пак не го спомнува тоа, туку пишува дека во протечените документи исто така го поврзуваат Путин до таен имот во Монако, кој во дополнителното разработување на темата излегува дека е имот на жена која наводно на времето била во врска со рускиот претседател.
Во оригиналниот текст на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, името на рускиот претседател се користи како спотер секој пат кога ќе се спомене некој руски милијардер фатен во документите дека е „тоа и тоа на Путин“.