Во едно од најзабележливите видеа по пожарот во Гренфел кулата во Лондон, активистот Ишмаил Благров го "распарчува" репортерот на Скај испратен да пренесува за еден од најкатастрофалните пожари во Лондон. Благров, оправдано преплавен од гнев му порачува "нек се ебат медиумите, нек се ебе меинстрим", за момент насочувајќи го целиот бес "не кон виновниците за пожарот, туку кон оние што пренесуваат за него".