Таиби кој живее во Русија како студент и новинар во периодот од 1989-та до крајот на 1990-те, гостува во Брејкинг поинтс за да даде краток увод во поновата руска историја и формирањето на руското мислење и настроеност кон Западот од распадот на СССР до денес.
Таиби претходно на својот Субстак пишува за тоа како Западот се повеќе има сличност со ликовите од 1984-та на Орвел.
„Во текстот мислев на леснотијата со која се пресвичавме од тоа да бидеме комплетно гневни околу невакцинираните на префрлање на сите тие емоции врз Русите.
И за низата од паники што ги имаме во вестите, посебно во последните 5 или 6 години, и што тоа направи врз нашиот национален карактер и како е тоа слично на она што Орвел го опишуваше во 1984, каде во основа вели дека ’ритуалното изразување гнев е создаден за да го држи народот константно во сегашноста и да го заборават минатото во секој контекст што би можел да е важен да се запамети’.
Мислам дека тоа се случува и со ова со Русија, во кое тие (медиумите) сакаат луѓето да не мислат на цела лепеза од заднински проблеми кои се дел од приказната и изгледа како сите да се во некој вид 2-минутен режим на омраза околу целото прашање,“ појаснува Таиби.
За Русите и за начинот на кој војната се доживува во САД, Таиби го кажува следното:
Брејкинг поинтс пред некој имаа свој осврт на новиот наратив на американските меинстрим медиуми кој се сведува на тоа дека Путин е полош од Хитлер.
Во споредбите во одбрана на Хитлер како факти на пример се даваат апсурдни информации дека „Хитлер не користел хемиско оружје“.
Како што објаснува Енџети, проблемот со ваквиот наратив не е самото тоа што имиџот на Путин ќе биде уништен, туку многу повеќе тоа што порамнувањето на Хитлер со Путин прави да изгледа дека е неизбежно САД со војска директно да се справат со ваквата закана која е поголема од Хитлер.