По ова Благров, врти кон веќе неколку години старата но се попопуларна позиција на левицата: "Цели две години сте опседнати и го ловите Џереми Корбин... Рековте дека тој не може да биде избран. Создадовте наратив и луѓето некое време ви веруваа на срањата. Ама овие избори покажаа дека луѓето се имуни. Тие носат панцири отпорни на вас и на останатите милијардери сопственици на медиуми и на Руперт Мердок и на сите други."
"Пред неколку години ова може ќе беше игнорирано како општа ништо-не чини жалопојка против неправилностите на системот. Благров сепак е ветеран говорник од Хајд парк. Меѓутоа клипот стана вирален и јасно и се обраќаше на поширока публика. Летово, она што некогаш беше маргинална позиција - дека медиумите не се комплексен збир од независни агенции што служат за барање одговорност на системот, туку алатка на овој систем управувана од елитите - конечно стана дел од јавната свест.
По горкиот референдум околу независноста на Шкотска и британското членство во ЕУ, откако весниците и телевизиите не успеаа да го предвидат успехот на Доналд Трамп, брегзит и Џереми Корбин, и на крај кошмарниот неуспех на политиките и пропустите кои доведоа до пожарот во Гренфел, довербата во медиумите претрпи сериозни удари," пишува Ендру Харисон во Гардијан.
Според британската анкета Барометар на доверба 2017, бројот на испитаници кои им веруваат на британските новински медиуми паѓа од 36% во 2015 на 24% на почетокот од 2017. Извештајот на дигитални вести од Ројтерс институтот, покажува дека само 41% од Британците се согласиле дека новинските медиуми им помогнале во разликување факти од измислици.
Од Ројтерс институтот објаснуваат дека ова е сериозен проблем за професијата, бидејќи политичкиот легитимитет на Бибиси или пак бизнис моделот на весниците зависи од тоа колку луѓето веруваат во нив.
"Проблемот е што влијателните и високите класи го гледаат новинарството како премногу таблоидно и популистичко, додека работничката класа смета дека тоа посветува премалку внимание на луѓе како нив - и на крај никој не е среќен," објаснува др. Размус Клајс Нилсен од Ројтерс институтот.
Поранешниот заменик уредник на Гардијан, моментално во Би-би-си 2, Иан Катз, зборува за случајот со Корбин и меинстрим медиумите од левицата. Наместо да го поддржуваат новиот лидер на Лабуристите, либералните медиуми како Гардијан, Обсервер и Би-би-си, "тргаат да го уништат."
"Кога Корбин на изборите во 2017 заврши со подобри резултати од очекуваните, тоа докажа дека медиумите без сомнеж не се во право, а симпатизерите на Корбин се. Прашањата околу новинарската должност да истражуваат, или да ги одделат вестите од коментарот, па дури и да го базираш твоето покривање на минатиот успех на платформи слични на онаа на Корбин, беа инцидентни. Исто таква беше и поентата дека Корбин не победи на изборите. Без разлика, либералниот печат ги предаде читателите и меинстрим медиумите погрешија во своите предвидувања," пишува Харисон.
Остатокот од текстот на Гардијан, тука