Во ова ежење од Сандерс предводи Ем-ес-ен-би-си. Јакобин магазин забележува дека неделата кога Сандерс ја објавува својата кандидатура, на аналитичарката на Ем-ес-ен-би-си, и претдхоно дел од изборниот штаб на Хилари, Зерлина Максвел, и е дозволено во програма да каже дека Сандерс не спомнал „раси и родови се до 23-та минута“ од својот говор, што е лага бидејќи Сандерс овие теми ги споменува уште на почетокот од говорот.
Во друга прилика кога на телевизијата се дискутираат анкети се тврди дека Сандерс паднал 5%, иако резултатите се спротивни. Во сегмент на Рејчел Медоу шоу, преку „очигледно“ пребирање на податоците се вади информација дека Сандерс собрал два пати повеќе пари од машки донатори, отколку од женски, што повторно е лага, имајќи предвид дека донациите во првиот квартал му се поделени речиси 50-50 меѓу машките и женските донатори.
Да не биде оставен Ем-ес-ен-би-си сам, се погрижи и Њујорк тајмс чиј новинар задолжен за покривање на кампањата на Сандерс „конзистентно претставува негативна слика за темпераментот на Сандерс, неговото минато, политики и перспектива“. Додека Вашингтон пост објавува 16 негативни стории за Сандерс за 16 часа.
Нова (и систематска) анализа на начинот на кој Ем-ес-ен-би-си ја покрива кампањата дава „емпириски отпечаток на пристрасноста на медиумите со која Сандерс се соочува во својот обид за добивање на номинација од демократите“. Анализата го опфаќа периодот август-септември.
„Во покривањето во август-септември, според бројот на вкупни на споменувања, Ем-ес-ен-би-си зборува два пати почесто за Бајден отколку за Ворен, и три пати почесто отколку за Сандерс. По бројот на епизоди, во 64% од 240 епизоди се дебатира за Бајден, во 43% се дебатира за Ворен, а во 36% за Сандерс. Една четвртина од епизодите дебатира само за Бајден, споредено со 5% и 1% за Ворен и за Сандерс,“ покажува анализата.
Дури и кога е споменат Сандерс од некој од учесниците во програмите на Ем-ес-ен-би-си, тоа најверојатно е критика, а негативните споменувања на Сандерс се далеку почести отколку оние за Бајден или за Ворен. Сандерс позитивно бил спомнат во само 12,9% од случаите, а негативно во 20,7%. Ворен била негативно спомната во само 7,9% од случаите, а позитивно во 30,6% од случаите.
Притоа Сандерс е напаѓан и по основа дека не може да биде избран, нешто што беше користено и во неговиот дуел со Хилари, како и тоа дека неговите ветувања се нереалистични, дека не се доволно детални и дека поддршката за него издишува, иако бројките на терен покажуваат поинаква слика.
„Со рекордни бројки за собирање донации, големи митинзи, и анкети кои покажуваат дека има конкурентна позиција во некои од клучните сојузни држави, Сандерс очигледно продолжува да генерира ентузијазам од гласачите. Само немој да очекувате тоа да го чуете на телевизиските мрежи,“ се порачува во текстот на Јакобин.