Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Видиш, не биле лопови, уметници биле

Дански уметник му зема 84.000 долари на еден локален музеј за да изработи уметничко дело за изложба, и за возврат им испорачува празни рамки, празна банкарска сметка и резил. Уметност.

ЦИА евакуираше агент од Белград

Заради сериозни повреди идентични на оние што се поврзуваат со Хавана синдромот, ЦИА во изминатите недели повлекла свој оперативец од Србија.

Џедаите се проблематични а на Икс Мен му фали инклузивност

Американски часопис за популарна наука го проблематизираше поимот Џедај и културното наследство на Стар Ворс. Од друга страна, Марвел има нова извршна која, заради инклузивност,  можеби ќе го смени името на Икс Мен.

ЕУ веќе не гарантира членство на балканските држави

Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува Ројтерс врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ.

На Англија ѝ фалат 100.000 камионџии

Велика Британија има доволно залихи од бензин и дизел па сепак на бензиските станици во земјата се прават сè подолги редици. Нема доволно шофери на цистерни за да разнесат гориво по бензиските.

Тиктокерка упропасти илјадници научни студии

Видео од 56 секунди направено од тинејџерка е причина зошто илјадници научни студии мораа да фрлат податоци што со недели ги собирале за своите истражувања.

Џони Ајв ќе работи за Ферари

Додека се подготвува да почне со производство на целосно електрични возила, Ферари реши да ја ангажира дизајнерската легенда на Епл и човекот кој стои зад некои од најпрепознатливите дизајни на компанијата, Џони Ајв.

Лансет ги укинува жените?

Најпрестижниот медицински журнал на светот го имаше еден од најнеуспешните обиди да биде инклузивен откако реши на насловната страна на последниот број жените да ги опише како „тела со вагина“.

Хрчак ги растури Ворен Бафет и Вол Стрит во тргување

Теоријата што ја тестира проектот е дека мајмун со затворени очи да фрла пикадо во извештај од берза ќе има добри резултати како и човек што професионално се занимава со трговија на акции. И така излезе.

Лукашенко сака да ја наполни ЕУ со бегалци

Белорусија се граничи со три членки на Европската унија, истата Унија што пред некое време и воведе на земјата којзнае кои санкции по ред, па сега вечниот владетел на земјата реши на Унијата да и воведе бегалци.

Како Израел го изведе филмското убиство на главниот ирански нуклеарен научник

Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.

Нешто слабо за Шведска се зборува денес, м?

Кога Шведските бројки изгледаа воочливо лоши, тоа беше корисна медиумска алатка за ширење страв и кудење на оние што не се држат до доминантните стратегии. Сега кога таа земја константно пријавува екстремнo ниски бројки, доминантните медиуми се воочливо незаинтересирани за нејзиниот случај.

Бакшиш за твитерџии

По неколку месеци тестирање Твитер за сите корисници ја пушта опцијата за оставање бакшиш на секој корисник што некогаш ти дошло да му оставиш пари за твитови.

„Кралот на тигрите“ ќе има втора сезона

Нетфликс обајви дека крајот на годинава ќе го дочекаме со нова сезона од серијата со која во март 2020 ја почнавме пандемијата, кога се уште верувавме дека за 2 недели сè ќе биде готово, една од најневеројатните вистински приказни некогаш раскажани на телевизија - за Џо Егзотик, Кралот на тигрите.

Без Американци, малку незгодно да си про-американски

"Што и да се случи, останувам во мојата татковина," храбро порача синот на најпопуларниот лидер на отпорот против талибанците во Авганистан. Неполн месец подоцна, Ахмад Масуд здувна во Таџикистан.

Полска ќе тера инает со ЕУ по цена до 500.000 евра на ден

Владата на Полска нема да го затвори рудникот за јаглен Туров, ниту придружната електрана, затоа што тие се клучни за енергетската безбедност на земјата, без разлика на барањата, спорот и казните од ЕУ од 500.000 евра за секој ден што Туров е во погон.

Колку заштита се добива ако примиш 23 дози вакцина?

Неименуван Словенец по своја желба и нелегално до сега се има вакцинирано 23 пати против ковид-19. Човекот не е навлечен на вакцина, навлечен е на друго, па ова му е само извор на пари.

Како талибан да стигне во рајот во мирно време?

Навикнати на битки и војувања, талибанците имаат проблем да се навикнат на новите, далеку поприземни обврски кои ги имаат и кои, меѓу другото, не нудат шанса да се дигнеш во воздух и заради тоа директно да одиш во рајот кај што те чекаат девиците.

Во Мелбурн се здробија од тепање

По неколку недели главно викенд протести против затворањето по дома и вакцинирањето, судирите ескалираа откако беше воведено задолжително вакцинирање на градежниците во земјата, и сега речиси една недела не се престанати со протести и тепање.

Педофил и казна

Гневен татко дознава дека неговата 6-годишна ќерка е малтретирана од негов личен пријател, па истиот тој го носи во шума со лопата.

Жените не се птици, ок?

Да им се обраќаш на жени како на птици е дел од „сексистички речник“, пресуди трибунал за работни односи во еден случај во кој службеничка на банката Барклис го тужи својот некогашен шеф. 

Дизајнерката на „Оданочи ги богатите“ фустанот не ги плаќа ни сопствените даноци

Компанијата на Аурора Џејмс, дизајнерката на фустанот на Александрија Оказио Кортез за МЕТ гала, до сега има примено повеќе предупредувања за неколку години неплатен данок.

Јунаците на Перм

Вчерашниот масакр во универзитетот во Перм беше запрен на 6 убиени луѓе и 24 повредени благодарејќи на интервенцијата на двајца локални сообраќајни полицајци, едниот е помладиот сообраќаец Константин Калинин, и неговиот нешто постар партнер Владимир Макаров.

Администрацијата на Бајден пушти каубојци да ловат мигранти на границата со Мексико

Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.