„Кралот на тигрите“ ќе има втора сезона

Нетфликс обајви дека крајот на годинава ќе го дочекаме со нова сезона од серијата со која во март 2020 ја почнавме пандемијата, кога се уште верувавме дека за 2 недели сè ќе биде готово, една од најневеројатните вистински приказни некогаш раскажани на телевизија - за Џо Егзотик, Кралот на тигрите.

Нема многу информации околу следната сезона, освен спектакуларно ветување дека и таа ќе донесе „подеднакво многу хаос и лудило како и првата сезона“. На тие што ја изгледале првата, јасно им е колку е тоа неверојатно.

За сега се знае дека втората сезона е снимана во 2020, и дел од 2021.

Освен што на сликата за најавата на втората сезона го има Џо Егзотик (Џозеф Малдонадо Пасеџ) не е познато кој друг од оригиналната постава ќе биде во втората сезона.

Во реалниот, нетелевизиски, живот, Џо Егзотик се уште е во федерален затвор како што беше на крајот од првата сезона, каде останува и покрај сите апели и петиции до Трамп да го амнестира на крајот од својот мандат. Егзотик одлежува 22-годишна казна затвор заради обидот за најмување на двајца платени убијци со задача да ја елиминираат Керол Баскин.

Претходно:

 

24 септември 2021 - 09:55