Твитер дава повеќе опции за оставање бакшиш во готовина преку апликации како Венмо, Кеш ап, Бендкамп и други, а во САД и Ел Салвадор овозможува и праќање биткоин преку апликацијата Страјк.
За оставање бакшиш ќе треба да отидеш на Твитер сметката на корисникот и да кликнеш на иконата до копчето „Follow“, каде ќе може да избереш преку која платформа сакаш да испратиш пари.
Компанијата најави дека нема да зема процент од бакшишот разменет меѓу корисниците. Опцијата веднаш е пуштена за корисниците на Иос, а на Андроид ќе биде достапна „за неколку недели“.
Намерата на Твитер не е да се претвори во Онлифанс, туку да им даде поголема поддршка на своите корисници „за секој да може да има пристап до извор на средства“.